Италијанскиот прволигаш Наполи испратил понуда од 12 милиони евра за македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, и тоа е најконкретната понуда досега за нашиот 19-годишен фудбалски дијамант. Многу клубови, меѓу кои и Интер и Атлетико Мадрид се распрашуваат за Елмас, но пред неколку дена таткото на Елиф, Џеват, во Милано се сретнал со претставници на Наполи.
За Елмас се интересираа и Аталанта, Сампдорија, Лацио, но од италијанските клубови за Елмас најинтересен е Наполи.
Фенербахче трие раце од ваквата ситуација и ќе ја прифати најбогатата понуда која ќе пристигне за услугите на Елмас. Засега Турците се ценкаат, а шпекулациите се дека бараат 20 милиони евра за да прифатат понуда од 15-тина милиони. Првата понуда на Наполи, која е одбиена, била 12 милиони.