Најсигурен „кец“, гостите со пораз ќе добијат 18 милиони евра

Манчестер сити в недела на свој терен е подготвен да ја слави новата титула во англиското првенство. На граѓаните им е потребна победа против Астон вила за да не зависат од резултатот на Ливерпул, кој е втор на табелата и има само еден бод помалку од лидерот.

Тренер на Астон вила е легендата на Ливерпул, Стивен Џерард, и фановите на Црвените веруваат дека нивниот поранешен миленик ќе направи сè што е во негова моќ тимот од Бирминга м да остане непоразен во Манчестер.

Сепак, има една друга пресметка која на Астон вила ќе му донесе многу пари. Пред една година, Сити од Астон вила го купи Џек Грилиш за рекорден трансфер на англиски фудбалер од 117,5 милиони евра, а во откупната клаузула постои и една ставка дека таа сума може да биде уште поголема.

Доколку Сити успее да ја одбрани титулата во Премиер лигата, на контото на Астон вила ќе се слеат уште 18 милиони евра, сума која е како бонус од трансферот на Грилиш, па ќе биде интересно да видиме дали гостите ќе му дадат отпор на фаворитот во мечот за титулата.

- Оглас -

Најнови вести