Тотенхем синоќа доживеа шокантна елиминација од Лигата на Европа, откако со 3:0 загуби на гостувањето кај Динамо во Загреб. Жозе Мурињо рече дека неговите фудбалери играле како тоа да е неважен меч и затоа сега се елиминирани. Следен предизвик за лондонскиот тим е дуелот од Премиер лигата и тоа на гости кај Астон вила во Бирмингем.
Редовните играчи на Спортска прогноза, сметаат дека токму победа на Тотенхем кај Астон вила е најсигурно од сите 13 понудени парови за ова 28. коло на бесплатната игра на Sport Life. Безмалку 80 отсто од прогнозерите кои досега одиграа во трката за добивање Ајфон 11, веруваат дека ќе биде „двојка“ во Бирмингем.
Како сигурици во ова коло се одвоија уште неколку натпревари. Повеќе од 78 отсто очекуваат дека Валенсија ќе ја победи Гранада, иако гостите се тие кои имаат шест бода повеќе на табелата во Шпанија. По победата на Нант на гости кај Пари Сен Жермен, сега дури 77 отсто од прогнозерите очекуваат „кец“ на средбата меѓу Нант и Лориен.
Доколку успеете да ги погодите сите 13 парови, односно да имате Среќна 13-ка тогаш ви се насмевнува освојување на мобилен телефон Ајфон 11. Со 12 погодоци Sport Life подарува вредносен ваучер од 1.000 денари, додека за 11 погодоци, ваучерот изнесува 500 денари.
Искористете ја можноста бесплатно да добиете вредни подароци и играјте Спортска прогноза на Sport Life.