Најсилни кога е најпотребно – Спартанците ја збришаа Босна и Херцеговина со 3:0

Македонските одбојкарски спартанци одиграа одличен меч кога најмногу беше потребно и ја збришаа селекцијата на Босна и Херцеговина со 3:0 во првиот меч за нас на вториот квалификциски турнир за настап на ЕП 2021 година.

Во битката за второто место во нашата група повторно ја победивме БиХ, сега со 3:0, откако и претходно го победивме истиот ривал во Скопје на првиот турнир со 3:1.

Мечот го почнавме како по ноти, во првиот сет добро функционираа и нападот и одбраната, па успеавме да поведеме со 1:0 откако бевме подобри со 25:20 во поени.

Вистинска драма се случуваше во вториот сет, но во клучен момент нашите репрезентативци беа на потребното ниво и го добија и вториот сет со 26:24.

Отпорот на Босанците беше скршен, поведовме со 6:0 во третиот сет и потоа разликата само растеше до конечни 25:13.

Македонија моментно има две победи од по 3:1 и 3:0 против БиХ и еден пораз од Турција со 1:3. Со лидерот на табелата во нашата група ќе играме по вторпат на 16 јануари и ако победиме со 3:0 можеме да бидеме и први во групата.

Реалноста е дека ќе се бориме за пласман на ЕП како една од четирите најдобри второпласирани селекции во конкуренција на шест групи.

- Оглас -

Најнови вести