0.8 C
Skopje
понеделник, 22 декември 2025

Пред четири месеци загубија со 0:7, а сега се големи фаворити да го победат истиот ривал

1701 Марсеј – Анже (21 ч.)

Олимпик Марсеј ја има фаворитската улога, но сезонава не му оди најдобро на домашен терен. Има само четири победи во 11 натпревари пред својата публика. Анже е мајстор за нерешени и има седум ремија во 11 дуели на гости сезонава.

Марсеј ја има најдобрата одбрана во лигата и тешко дека ќе дозволи да биде изненаден.

Предлог тип: 1&0-3 (2.23)

 

1801 Херта – Бохум (20:30 ч.)

Дуел на две екипи на кои секој бод им е важен во борбата за опстанок. На последните седум меѓусебни дуели секогаш имало минимум два погодици. Во тие дуели најчесто доминирала Херта, која се радувала петпати, еднаш било нерешено, а Бохум има само еден триумф.

Погодоците треба да бидат загарантирани, а домаќините сепак ја имаат фаворитската улога.

Предлог тип: 1+ I&3+ (2.24)

 

1301 Хетафе – Леванте (21 ч.)

Хетафе влезе во добра серија и во последните пет кола во Примера освои дури 10 бодови, па мадридскиот тим избега од зоната за испаѓање. Тоа не може да се каже за Леванте, кој е закован на дното само со 11 бода од 21 меч.

Двете екипи имаат очајна реализација, а тоа се потврди на нивниот прв меч кога беше 0:0.

Предлог тип: 0-2 (1.52)

 

1091 Манчестер ј. – Мидлсборо (21 ч.)

Дуел од 16-финалето во ФА купот, во кој Манчестер јунајтед е голем фаворит за победа на „Олд Трафорд“. Мидлсборо е во Чемпионшип и реално нема големи шанси за поминување во следната фаза.

Последен пат играа пред пет години и Манчестер двапати победи, па така треба да биде и сега.

Предлог тип: 1-1 (1.93) 

 

1609 Нирнберг – Инголштад (18:30 ч.)

Меч во кој домаќините се апсолутни фаворити. Нирнберг се бори за позициите кои водат кон Бундеслигата, додека Инголштад е закован на дното во втората германска лига.

Во есенскиот дел од сезоната овие две екипи одиграа 0:0, а интересно е дека пред четири месеци одиграа и еден контролен меч во Нирнберг, кога Инголштад победи со убедливи 7:0, но сега домаќините се големи фаворити за победа. Инголштад во лигашкиот дел сезонава има осум порази на 10 гостувања.

Предлог тип: 1 (1.80) – квота од Супер тип во Sport Life

- Оглас -

Најнови вести