Кепа Аризабалага е голем проблем за Челзи, а за најскапиот голман на сите времиња платен цели 80 милиони евра при трансферот од Атлетик Билбао нема заинтересирани екипи.
Челзи, односно Франк Лампард јасно му стави на знаење на Кепа дека нема да брани, Менди веќе е на голот на сините од „Стемфорд бриџ“, па ситуацијата се искомплицира.
Младиот шпански голман има договор со кој заработува по шест милиони евра по сезона, што е проблем и за богатиот Челзи да плаќа толкава сума за резерва.
Раководството на клубот од Лондон се обиде да издејствува Кепа да замине на позајмица во некој клуб, но заинтересирани нема.
Кепа има 7-годишен договор со Челзи што тече од август 2018 година, а бранеше многу лошо и е голман со најслаб процент на одбрани во Премиер лигата.