Германскиот 22-годишен одличен фудбалер, Флоријан Вирц, и официјално стави потпис на повеќегодишниот договор со Ливерпул.
Црвените за Вирц на Баер Леверкузен ќе му платат обесштетување од 150 милиони евра, што го прави овој трансфер најскап во историјата на англиската Премиер лига.
Засега не се знае кој број на дрес ќе носи Вирц, од Ливерпул објавија дека тоа ќе се знае кон крајот на летото.
Вирц е вториот играч што летово од Леверкузен му се приклучи на Ливерпул. На „Енфилд“ дојде и неговиот досегашен тимски колега Џереми Фримпонг.
Во последните две сезони, Вирц имаше 34 гола и 35 асистенции во сите натпреварувања.
From Leverkusen to Liverpool 🌍 pic.twitter.com/ZGwv3cJysi
— Liverpool FC (@LFC) June 20, 2025