Најскапиот играч во историјата на Сити ќе оди на позајмица бидејќи никој не сака да го купи?!

Џек Грилиш во 2021 година во спектакуларен трансфер вреден 117,5 милиони евра се пресели од Астон вила во Манчестер сити. Сепак, неговата вредност вртоглаво паѓа, па во моментов се проценува само на 28 милиони евра, но ниту таа сума не сака да ја плати никој, пред сè, поради големата плата која ја има фудбалерот.

Веќе е јасно дека Граѓаните не сметаат на него и нема да биде дел ниту од Светското клупско првенство. Њукасл, Евертон и Астон вила се споменуваат како можни дестинации, но никој не сака да го купи, туку да го добие само на позајмица, а Граѓаните да продолжат да му плаќаат дел од неговата плата.

Грилиш оваа сезона собра 32 настапи за Манчестер сити, но само на половината од нив, односно на 16 беше стартер. Од тие 16 натпревари на кои стартуваше, на осум беше заменет, па на тревникот мина само 1.521 минута со ефект од три гола и пет асистенции.

Трансферот на Џек Грилиш од Астон вила во Манчестер сити е најскапиот во историјата на клубот.

- Оглас -

Најнови вести