Најскапиот меч во историјата на фудбалот се игра на „Вембли“

Екипите на Лидс и Саутемптон ќе играат во финалето на плејофот во Чемпионшип, а победникот ќе обезбеди место во Премиер лигата за следната сезона. Овој дуел го има приматот за најскап во историјата на фубалот, затоа што влогот е огромен.

Проценките се дека победникот на овој меч може да заработи до 305 милиони фунти од ТВ правата, спонзорства и дополнителни приходи во текот на следните три години. Со пласман во Премиер лигата, победникот сигурно добива 140 милиони фунти, доколку екипата не испадне по првата сезона, прихдите може да достигнат и до феноменални 305 милиони фунти.

Лестер и Ипсвич се двата тима кој обезбедија место во Премиерлигата, а дуелот кој попладнево ќе се игра на „Вембли“, треба да го даде и третиот патник во елитното друштво. Саутемптон два пати го победи Лидс во лигашкиот дел (3:1 дома и 2:1 на гости), но Лидс заврши пред нив на табелата со три бода повеќе.

Овие два тима пред две сезони беа дел од Премиер лигата, но завршија на последните две позиции па затоа испаднаа во ранг подоле, а сега само една од нив ќе се радува на експресно враќање меѓу најдобрите.

- Оглас -

Најнови вести