Најскапиот НБА-спектакл во оваа декада ќе биде без Џејмс и Дејвис?

Двете водечки екипи во Западната конференција, Лејкерс и Клиперс, на католчкиот Божиќ ќе ги одмерат силите по вторпат оваа сезона. НБА-спектаклот според продажбата на влезници е најскап во изминатава декада знаејќи дека преполниот „Стејплс центар“ ќе очекува возбудлив дуел меѓу Ленард и Џорџ, против Џејмс и Дејвис.

Но, од таборот на Езерџиите денес се појавија непосакувани информации – Џејмс и Дејвис се неизвесни за градското дерби!

Отсуството на лидерите на екипата дефинитивно ќе биде голем проблем за втората најтрофена франшиза, особено ако се знае дека Клиперс веќе го совладаа Лејкерс на стартот од сезоната. Па сега, наместо реванш, може да се очекува потоп на Езерџиите.

Леброн уште во мечот против Милвоки заработи повреда на ребрата, додека Дејвис пред две ноќи почувствувал болки во коленото при доскок во средбата против Денвер. До почетокот на дербито ќе се знае дефинитивно дали Кралот и Веѓата ќе бидат подготвени за настап.

- Оглас -

Најнови вести