Најскапиот тим на сите времиња – Нејмар, Роналдо, Мбапе… (фото)

Откако стана јасно дека Лукас Ернандес од јули ќе биде нов играч на Баерн Минхен, кој ќе го напушти Атлетико Мадрид за сума од 80 милиони евра, шпанскиот медиум „Марка“ состави тим од најскапите фудбалери во светот според позицијата на која играат. Секако, познато е дека ПСЖ го држи рекордот кога го купи Нејмар од Барселона за 222 милиони евра, па така Бразилецот го предводи овој тим вреден 1.159.000.000 евра.

„Марка“ се одлучи за формација 3-4-3 , а на голот е Кепа Аризабалага, за кого Челзи плати 80 милиони евра на Атлетик Билбао во текот на ланскиот летен преоден рок. Триото во одбраната се состои од Ернандес (80 милиони евра, Баерн Минхен), Вирџил Ван Дајк (85 милиони евра, Ливерпул) и Ајмерик Лапорт (65 милиони евра, Манчестер сити).

На едната крилна позиција во средината е Филипе Кутињо од Барселона, кој во јануари минатата година се пресели од Ливерпул за 120 милиони евра плус 40 милиони во бонуси. Хамес Родригес е вториот крилен играч кој од Монако замина во Реал Мадрид во 2014 година за сума од 75 милиони евра. Во тимот се најде и Френки Де Јонг, талентираниот играч за врска на Ајакс, кој на лето ќе биде засилување на Барселона за кого платија 75 милиони евра. Манчестер јунајтед за Пол Погба плати 105 милиони евра, така што Французинот ја комплетира средната четворка.

Во нападот се Нејмар, Кристијано Роналдо и Килијан Мбапе. ПСЖ исплати нешто повеќе од 400 милиони евра за Нејмар и Мбапе, додека трансферот на Роналдо во Јувентус од Реал Мадрид вредеше 117 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести