Марамчето со кое Лионел Меси си ги бришеше солзите за време на прошталната прес-конференција во Барселона е ставено на аукција и почетната сума е дури 1.000.000 долари. Така, ова безвредно парче хартија по неговата употреба од страна на аргентинскиот фудбалер, стана нешто за што ќе се плати баснословна сума.
Марамчето со кое Меси си ги бришеше очите и носот, го собрал некој од присутните на пресот и сака да ја искористи ситуацијата да се збогати. Останува да се види во наредните денови дали ќе има фанатици со длабок џеб кои ќе сакаат да платат над милион долари за марамче.