Репрезентативецот на Гвинеја, Наби Кејта летово како слободен играч си заминува од Ливерпул. Тој имаше лоша сезона и одигра само 13 натпревари за Црвените од „Енфилд роуд“.
Според пишувањата на германските медиуми, тој е пред преселба во Бундеслигата, и тоа во екипата на Вердер Бремен.
Кејта во Ливерпул пристигна во 2018 година од Лајпциг за 60 милиони евра, а навивачите на клубот го сметаат за најскапото трансфер-промашување на Ливерпул. Само тројца фудбалери во историјата Ливерпул ги платил повеќе.