Манчестер јунајтед пред две ипол години изненадувачки го купи бразилскиот интернационалец, Ентони, од Ајакс за неверојатни 95 милиони евра, иако неговата вредност во тој момент беше само 35 милиони евра.
После 30 месеци се покажа дека тоа е голема грешка на раководството, како што многумина тврдеа уште тогаш. Ентони има договор со „црвените ѓаволи“ до 2027 година, но стручниот штаб веќе не смета на неговите услуги и тој е слободен да си бара нова средина.
Интерес за него има од десеттина клуба, од кои предничат Бетис и Олимпијакос. Опција е позајмица до лето или продажба веднаш, а цената во моментов му изнесува само 20 милиони евра, па веројатно тој ќе биде фудбалерот на кој Манчестер јунајтед ќе загуби најмногу во својата историја.
Оваа сезона забележа само 12 настапи, а на тревникот мина 356 минути. Најчесто влегуваше во игра како резерва и постигна само еден гол.