Црвена ѕвезда доживеа вистински шок и загуби пред својата публика од кипарската сензација Пафос со 1-2 во плејофот од Лигата на шампионите. Сега „црвено-белите“ на гостински терен ќе мора да постигнат најмалку еден гол повеќе од противникот за да се надеваат барем на продолженија.
По натпреварот можна порака до навивачите испрати и најскапото засилување на Црвена ѕвезда, Марко Арнаутовиќ, кој напиша:
„Се гледаме во Пафос, сите заедно.“