Најскромиот фудбалер во светот доаѓа во тимот (пре)полн со ѕвезди

Н’голо Канте важи за еден од најскромните фудбалери на денешницава, а според последните пишувања, тој се наоѓа пред трансфер во Пари Сен Жермен.

Сегашниот фудбалер на Челзи има актуелен договор со овој тим до крајот на наредната сезона, но ниту двете страни немаат интерес за негово продолжување, а таквата ситуација сакаат да ја искористат Парижаните за негов ангажман.

Францускиот репрезентативец што ги освои сите можни трофеи што можат да се освојат е подготвен за нов предизвик, и тоа кај тимот којшто е преполн со фудбалски ѕвезди. Останува да се види дали ќе дојде до реализација на овој трансфер како што се шпекулира и тоа дали ќе биде до крајот на овој преоден рок или пак во некој од наредните.

Канте за Челзи игра од 2016 година и има забележано 185 настапи и постигнато 11 погодоци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести