Најслаб прволигаш во Европа: некогаш беа шампиони, а сезонава немаа ниту една победа!

Драматичен, голем пад му се случува на клубот СС Космос од Сан Марино. Космос пред 21 година беше првак на Сан Марино, ја претставуваше оваа мала земја и во европските купови, а сезонава нема ниту една победа, освои само 5 бода во 28 кола, со негативна гол-разлика од 9-64 и е најслабиот прволигашки тим во Европа.

Не постои друг прволигаш во Европа кој сезонава немал победа.

Космос е аматерски клуб формиран во 1979 година, низ историјата имаше и репрезентативци на Сан Марино, а освен титулата во 2001, има освоено и четири купови на својата земја, но последниот во 1999.

Беше пред згаснување, но група ентузијасти го спасија клубот. Во Сан Марино нема втора лига, па СС Космос и во следната сезона ќе игра во првата лига, но прашање е дали ќе биде подобар или ќе постави нов негативен рекорд.

- Оглас -

Најнови вести