Најслабиот тим на домашен терен го пречекува клубот кој игра најслабо на гости – кој има повеќе шанси за победа?

Вердер Бремен – Ајнтрахт Франкфурт (20:30 ч.)

До прекинот на Бундеслигата, Вердер беше последен на табелата само со 18 бода од 24 меча, но по враќањето на фудбалот, тимот од Бремен освои седум од можните 12 бода во последните четири кола и сега е со надеж дека може да се спаси.

Ајнтрахт е противник како по мерка ако се знае дека тоа е најслабиот гостински клуб сезонава само со 10 освоени бода во 14 средби. Сепак ако се знае дека Вердер е пак најслабиот тим на домашен терен само со шест бода во 13 меча, сигурно ќе биде енигма конечниот исход.

На седум од последните осум меча на крајот, двата тима давале барем по еден гол и имало 3+, што значи дека јасно е што треба да се „брка“ на овој дуел.

Предлог тип: ГГ 3+ (1.95)

 

Хановер – Динамо Дрезден (18:30 ч.)

Домаќините уште не може да бидат мирни затоа што не се сигурно спасени од испаѓање од Втората германска лига. За среќа, за противник денеска го имаат Динамо Дрезден, кој е фенерџија на табелата. Проблем за Хановер е тоа што сезонава на свој терен во 13 меча победи само двапати, а сега ќе игра и без публика.

Динамо е најслабиот гостински клуб во Цвајте, а лошата одбрана „ги краси“ двата тима.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.83)

 

ЛАСК – Хартберг (18:30 ч.)

Пред прекинот на првенството, ЛАСК беше лидер со три бода повеќе од Салцбург, а сега по тримесечен прекин, ќе продолжи како второпласиран со три бода помалку од новиот лидер. Тоа е така затоа што ЛАСК беше казнет со одземање шест бода поради прекршување на протоколот за време на тренинзите во време на корона-вирусот.

Затоа ЛАСК сега ако сака да се врати на лидерското место, мора да влезе во серија победи, а Хартберг е тим кој е најслаборангиран во плејофот, па затоа не би требало домаќините да имаат проблем. Овие екипи играа на 1 март , а ЛАСК како домаќин победи убедливо со 5:1.

Предлог тип: 1-1 3+ (1.85)

 

Фамаликао – Порто (22:15 ч.)

Речиси по три месеци пауза, се враќа и португалското првенство. Екипата на Фамаликао беше најпријатно изненадување на почетокот на сезоната, кога по почетните неколку кола беше и лидер во шампионатот, но подоцна падна ритамот. Сепак, факт е дека Фамаликао може да биде опасен затоа што игра офанзивен фудбал.

Сепак, одбраната е очајна за домаќините и со 40 примени погодоци, само фенерџијата Авес има послаба дефанзивна линија. Порто никако не смее да си дозволи кикс затоа што е во мртва трка со Бенфика за титулата. Порто во просек сезонава дава по два гола на гости, па и сега треба да има ефикасен дуел.

Предлог тип: 2&3+ (2.15)

 

Острава – П’лзењ (18 ч.)

Речиси и да нема дилеми дека П’лзењ ќе заврши на второто место на крајот од сезоната, додека Острава има шанси да се бори за излез во Европа. Острава игра променливо на свој терен, а П’лзењ има само два порази на гости во 12 дуели. Помалку неверојатен е фактот дека на последните 20 меѓусебни меча, Острава нема ниедна победа во 90 минути со овој ривал.

Предлог тип: Х2&0-3 (1.62)

- Оглас -

Најнови вести