Вкупно четири натпревари од кошаркарската Евролига ќе се одиграат вечерва за кои Sport Life подготви одлична понуда со по 154 комбинации.
Првиот натпревар ќе се игра во Берлин, каде што Алба ќе ја пречека Валенсија. Ова е натпревар на последнопласираниот тим во Евролигата и тимот кој се бори за пласман во плејофот, а и двата тима се во серија од два порази во низа.
Квотите се на страната на Валенсија (1.65), а дополнителен адут на шпанскиот тим се двете победи во последните два меча кои се играа во Берлин.
Гостинот е фаворит и вториот дуел кој ќе се игра во Германија меѓу Баерн Минхен и Олимпијакос.
Баерн пред два дена приреди изненадување и ја совлада Басконија, и тоа на гости (102:109), додека Олимпијакос беше подобар од Алба (101:87), а за вечерашниот дуел квотите го фаворизираат грчкиот тим (1.78).
Бранителот на трофејот и лидер на табелата, Реал Мадрид, е апсолутен фаворит против Асвел. Предноста на домашниот терен се очечува да ја искористи Басконија, која го пречекува Макаби Тел Авив.
Богата понуда има и кај кошаркарите за најпопуларната игра „плус-минус“ поени, но и за скокови и асистенции, а комплетната понуда на Sport Life може да ја погледнете на следниов ЛИНК.