Барселона и Реал Мадрид одиграа слаб меч, без многу шанси и ниту еден гол, за првпат по пауза од 17 години. На 23 ноември 2002 година за последен пат вечните ривали одиграа 0:0, а вечерва го повторија тоа сценарио во скромна фудбалска претстава.
Реал Мадрид постигна гол во 73-тата минута, но беше поништен оправдано, па мрежите мируваа на „Камп ноу“.
Гостите од Мадрид беа малку поконкретни во дербито што имаше жешка најава за можни инциденти, поради кои и не се одигра во предвидениот термин.
https://twitter.com/MsFutbol3/status/1207391480257687554?s=20
Реал Мадрид не успеа да ја победи Барселона и седми пат по ред во сите конкуренции, а сега двете екипи се израмнети на врвот на табелата во Ла Лига со по 36 бода и со 17 одиграни натпревари.