Најсладок е пазарот кај соседите – Лејкерси беа моќни, сега се уште посилни

Лос Анџелес лејкерс ќе изгледа уште помоќно во следната сезона по трансферот на Монтрез Харел од Клиперс во редовите на шампионот на НБА, а кај шоумените пристигна и искусниот бек Весли Метјус од Милвоки бакс.

Трансферот на Харел е изненадување, бидејќи тој беше еден од симболите на големиот конкурент Лос Анџелес клиперс, но понудата од 19 милиони евра за договор на две години од Лејкерс беше примамлива за еден од најдобрите шестти играчи во Лигата.

Токму тоа признание за најдобра прва резерва во НБА го доби годинава, а неговото искуство и квалитет под кошевите ќе ги направи Лејкерс моќни и под кошевите.

Во таборот на шампионите пристигна и искусниот Весли Метјус, кој има 34 години и е врсник со Харел. Бекот шутер со 11-годишно искуство со настапи во НБА лигата ќе биде одлично дополнување на ростерот на Лос Анџелес лејкерс. И тој беше слободен агент како Харел, а потпиша едногодишен договор со актуелниот првак во НБА лигата.

- Оглас -

Најнови вести