25.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Најславниот фудбалер на денешницата е прескромен: Ми фали анонимност

Најславниот фудбалер на денешницата, Лионел Меси и според многумина и најдобар на сите времиња ги изненади сите со изјавата дека многу му недостасува мир и како што вели анонимност.

„Вистина е дека сум привилегиран со се што сум постигнал, но понекогаш ми недостасува мир. Сакам да бидам анонимен понекогаш, за да можам на раат да одам на кино, во шопинг, во ресторан. Среќен сум кога сум со семејството и кога сум со нив тоа е најважната работа на светот“. вели Меси.

На дуелот со Валјадолид во вторникот Меси го постигна 644. гол за Барселона и го претрка легендарниот Пеле, по бројот на погодоци за иста екипа.

Меси е рекордер во многу категории во светот на фудбалот, а посебно се цени неговата лојалност и настап во сениорска конкуренција само за еден клуб, за великанот Барселона.

 

- Оглас -

Најнови вести