Најславниот кошаркар во историјата на Украина со пушка во одбрана на Киев (Фото)

Славниот украински кошаркар Александер Волков, кој сега има 57 години, а во минатото беше еден од првите советски кошаркари коишто заиграле во НБА и член на репрезентацијата на СССР која освои златен медал на Олимписките игри во 1988 година, се вклучи во војната против Русија.

Волков е дел од војската која го брани Киев, а се појави негова фотографија во воена облека и со пушка.

Популарниот Саша е висок 208 сантиметри и роден е во Омск, во Русија, но како дете се има преселено во Украина. Неговиот дом во градот во близина на границата со Белорусија бил уништен од бомбардирањето, па Волков немал друг избор освен да застане во одбрана на својата земја.

Во НБА играше 149 меча за Атланта хокс, а во најсилната лига на светот дебитираше истиот ден со Дражен Петровиќ, Владе Дивац и Шарунас Марчуљонис.

- Оглас -

Најнови вести