6.8 C
Skopje
четврток, 5 февруари 2026

Најсмешна „ждрепка“ во историјата во изведба на Роналдо (Видео)

Бразилската фудбалска легенда Роналдо Назарио да Лима приреди вистинско шоу кај него дома во кујна. На некогаш најдобриот фудбалер на светот, кој сега е прв човек на Валјадолид, му недостасува фудбалот, па направи своја верзија на „ждрепка за Лигата на шампионите“.

Во едниот сад на мандарини беа напишани имињата на членовите на семејството, а во другиот имаше јаболки со имињата на предмети. За цело време во позадина оди химната на Лигата на шампионите, натпреварување кое можеби најдобриот класичен напаѓач во историјата никогаш не го освои.

Роналдо извлече „тато“, тоа се однесува на него, а потоа му се падна да мие садови. Нема бегање, ждрепката така сакаше и Роналдо го испочитува и крај мијалникот се фати за работа.

https://twitter.com/i/status/1257631627154522113

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести