Најсмешни тетоважи – Се знае Балканците и Јужноамериканците се врв, ама никој не може со Елија

Балканците и Јужноамериканците ги имаат водечките позиции во категоријата најлоши, или најсмешни тетоважи, но никој не може да се носи со невидената утка што ја направи лани поранешниот играч на Феенорд, Ељеро Елија.

Репрезентативецот на Холандија со 28 настапи за „лалињата“ испадна комплетно неписмен, откако на ногата си го истетовира името на клубот од Ротердам.

Наместо Феенорд (Feyenoord) Елија ќе мора да го покрива срамот, и на тетоважата му излезе кованицата Фененоорд (Fenenoord).

https://twitter.com/NLVoetbal_news/status/1124570464620302336?s=20

Голема утка, но сепак не по своја вина има и на тетоважата на парагвајскиот атлетичар Дерлис Ајала. Тој има тетоважа од Летните олимписки игри во Токио 2020, но настанот е одложен за следната година, па ќе има заостанување од една година.

Фудбалерот на Партизан Урош Витас одлучи да го истетовира ликот на својата сопруга Андријана на бочниот дел од стомакот, но тоа изгледа толку лошо што британските медиуми го прогласија за апсолутен победник за најсмашна тетоважа.

И Хрватот Марсело Брозовиќ е во конкуренција за најлоша тетоважа со чудниот цртеж на левата рака. Италијанците велат дека играчот на Интер ги надминал сите претходни тетоважи, а погледнете како изгледа тоа кај хрватскиот репрезентативец.

Во конкуренција се и Бекам со тетоважа на главата, потоа и Врањеш кој има ликови од четничкото движење, Отаменди и уште неколку познати фудбалери.

 

 

- Оглас -

Најнови вести