9.8 C
Skopje
петок, 6 февруари 2026

Најсмешниот гол сезонава падна во Црна Гора, „кумуваше“ лошиот терен (Видео)

Фудбалерите на Сутјеска од Никшиќ победија со 3-2 на гостувањето кај Младост Доња Горица во 17-тото коло од Првата лига на Црна Гора, последниот гол за 3-2 во 85-тата минута го одбележа натпреварот.

Балша Тошковиќ му донесе три бода на својот тим по една необична и смешна ситуација на катастрофалниот терен.

Еден од играчите на Младост се обиде да ја врати топката до голманот Петар Радуловиќ, меѓутоа, грутка кал „реши“ ова да стане најкомичниот гол сезонава, топката отскокна и го измами голманот кој сакаше да ја шутне и таа непречено тргна кон неговиот гол. Натрча Тошковиќ и ја смести во мрежата.

Погледнете:

- Оглас -

Најнови вести