Александер Зверев доживеа многу незгоден момент на турнирот во Монпелје веднаш по убедливата победа против Адријан Манарино со 6:1:6:0 за пласман во полуфиналето.
Додека се подготвуваше да замине од теренот беше погоден директно в лице со тениско топче, и за среќа олимпискиот шампион од Токио не беше повреден.
Zverev finally knows how it feels like to get hit by someone. pic.twitter.com/VXX0PZ4KsE
— Reva (@Vamosszz) February 5, 2022
Зверев е прв фаворит на турнирот во Монпелје и денеска ќе игра за финале против Микаел Имер од Шведска.
Во првото полуфинале пред нив ќе играат Филип Краиновиќ од Србија и Казахстанецот Александер Бублик.