Еден од најстарите англиски клубови, Евертон, од следната сезона ќе си замине од култниот „Гудисон парк“ и ќе игра на нов стадион кој наскоро треба да биде готов.
Евертон на „Гудисон парк“, кој се наоѓа на неполн километар од „Енфилд роуд“, игра повеќе од 130 години, поточно од 1892 година, но од следната сезона новиот дом ќе биде во пристаништето Брамли Мур. Стадионот моменто е во изградба, на него работат неколку стотици работници и за неколку месеци ќе биде готов.
Интересно е што стадионот се наоѓа над вода, односно на специјално дизајнирана и изградена платформа, а капацитетот ќе изнесува 52.888 седишта.