Интернационалната хокеарска федерација, ИИХФ, на својата интернет страница, посвети текст за Валентина Федорова, 80-годишната баба од Русија, која официјално е највозрасна активна хокеарка во Русија, веројатно и во светот.
Федорова стоела покрај хокеарско игралиште и гледала деца како играат, па и кај нејзе се разбудила желба да заигра. Собрала уште 10 жени и почнале да тренираат во селото Березњак, во регионот на Архангелск.
Валентина е капитен на тимот кој се вика Устјаночка, а таа е и најстара во екипата. Најмладата хокеарка има 53 години, па „Ројтерс“ ги сними на еден тренинг.