Најстариот фудбалер на светот даде гол (Видео)

Египќанецот Езелдин Бахадер, кој на 75-годишна возраст дебитираше во професионалниот фудбал, важи за најстар фудбалер на светот, а за да влезе во Гинисовата книга на рекорди мора да одигра два цели меча. Досега го нема направено тоа, но во саботата го постигна својот прв гол во дресот на клубот 6 Октомври, кој се натпреварува во третата египетска лига.

Популарниот Ез има четири деца и шест внуци, а на дуелот, кој заврши 1-1, тој беше стрелец за голот за неговиот тим откако му дозволија да изведе пенал. Младоликиот Бахадер го реализираше ударот од 11 метри.

Следниот меч на 6 Октомври е закажан за 21 март и ако игра 90 минути, и официјално ќе стане најстариот фудбалер во историјата. Актуелниот рекорд го држи 73-годишен Израелец.

Погледнете го голот на 75-годишниот дедо:

https://twitter.com/i/status/1236393520149168130

- Оглас -

Најнови вести