Најстариот голман во Британија брани уште од 1949 година и не мисли да престане

Кога ќе се спомене паролата „годините се само бројка“, тогаш дефинитивно се мисли на Колин Ли. Тоа е голманот кој неверојатни 70 години е активен меѓу стативите. Ли започнал да брани во 1949 година и уште не мисли да престане. Променил неколку клуба, а летово иако полни 80 години, вели дека е подготвен за нови предизвици.

Интересно е што Ли кариерата ја започнал како стопер, а потоа решил да се пресели на голот. Сега ја носи титулата најстар голман во Велика Британија.

„Ми рекоа дека мора да си луд за да бидеш голман. Можете да замислите што е со мене кога бранам толку долго. Боледувам од артритис, но тоа не ме спречува да бранам и да имаме некои сјајни одбрани. Интересни е дека никогаш не сум имал посериозна повреда во кариерата. Ќе играм се додека моето тело може да го поднесе напорот. Уште го давам најдоброто што можам. Уште можам да играм сите 90 минути, а помагам на клубот и на други начини. Сега правиме нови соблекувални“, вели 79-годишниот Ли.

Најстариот голман во Англија е навивач на Вулверхемптон, а негов фудбалски идол бил Рајан Гигс, кој повеќе од две децении играше за Манчестер јунајтед.

- Оглас -

Најнови вести