Шпанската фудбалска легенда Жоакин Санчес моментно е најстариот фудбалер во најсилните пет лиги во Европа. Тој е роден на 21 јули 1981 година, што значи дека за три месеци треба да наполи 42 години. Жоакин, кој го носи дресот на Бетис, најави дека на крајот од оваа сезона ќе стави крај на кариерата.
„Ништо не трае засекогаш. Единствено што ми остана е да ги закачам моите копачки на клин“, беше пораката од Жоакин, кој дури 15 години ги помина во тимот на Бетис, каде што ја започна, но и ја завршува играчката кариера.
https://twitter.com/i/status/1648709838317256705
Вкупно во кариерата одигра 24 сезони, а освен за Бетис, има играно и во екипите на Валенсија, Малага и Фиорентина. Вкупно во кариерата одигра 839 натпревари, во кои постигна 112 гола, а има и 102 асистенции. За шпанската репрезентација одигра 51 натпревар и постигна четири гола.