Најстариот клуб во светот постави необичен рекорд

Нотс каунти го има приматот за најстар професионален клуб во светот. Формиран е во далечната 1862 година, а најголемиот успех го имал во 1894 година, кога го освоил ФА купот. Овој легендарен клуб сега игра во Националната лига на Англија, што е петта лига во земјата.

На последниот меч на домашен терен, Нотс каунти со 2:0 го победи Солихус Мур, во меч на којшто беше поставен еден необичен рекорд. На стадионот имаше 12.843 гледачи, што претставува нов рекорд за натпревар одигран во петта лига во Англија.

- Оглас -

Најнови вести