Најстариот менаџер во Премиер лигата не се плаши од опасниот вирус

Рој Хоџсон, најстариот менаџер во Премиер лигата, не се плаши од корона-вирусот иако има полни 72 години. Предводникот на Кристал палас, како и сите останати, чека да продолжи сезоната во англиското првенство, а фактот што има шанси да се зарази со вирусот кога екипата ќе биде во можност да се врати на терените не го засега искусниот стратег.

„Годините се само години, важно е како навистина се чувствувате. Тие не се мерило за способноста да се врши работата. За мои години се чувствувам одлично, а штом ме повикаат на работа, јас секако ќе се вратам да си ја вршам должноста“, изјави Хоџсон за англиските медиуми.

Премиерлигашите и натаму чекаат конечна разврска околу тоа кога и како ќе продолжи сезоната, засега 12 јуни е најавениот датум кога Англичаните повторно ќе истрчаат на терените да ги доиграат преостанатите девет кола.

Пред прекинот на сезоната, Хоџсон со неговиот Кристал палас го зазеде 11-тото место на табелата со 39 бода.

- Оглас -

Најнови вести