Најстариот напаѓач на светот нема зошто да размислува за пензија, го бараат осум клуба!

Јапонската фудбалска легенда Казујоши Миура има 54 години, но не размислува да стави крај на својата кариера како професионален фудбалер, а нема ни зошто да го прави тоа, за него се интересираат осум прволигашки клубови и тој уште бира каде ќе игра.

Јокохама реши да не му го продолжи договорот на популарниот Казу и тоа не затоа што се незадоволни од неговите игри, туку затоа што испаднаа во втора лига, а Миура не сака да игра во понизок ранг.

Миура кариерата ја почна во 1986 година, и тоа во бразилскиот Сантош затоа што во тоа време во Јапонија немаше професионална лига. Во Европа има настапувано за Џенова и кратко за Динамо Загреб. За националниот тим играше од 1990 до 2000 година и даде 55 гола. Има играно и за футсал репрезентацијата на Јапонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести