Најталентираната македонска ракометарка од следната сезона ќе игра во Брест (Фото)

Младата 16-годишна ракометарка Ива Младеновска од следната сезона ќе настапува во францускиот шампионат за екипата на Брест.

Најголемиот македонски ракометен бисер со францускиот тим потпиша четиригодишен договор и стана петтото засилување по Жулиет Фор, Шарлот Шолевова, Одри Дембеле и Валерија Маслова.

„Одлично се чувствувам, отсекогаш сонував да играм за голем тим како што е Брест и сега ми се оствари сонот. Возбудена сум што во иднина ќе го носам дресот на Брест. Можам да им ветам на навивачите дека ќе гледаат одлични акции и голови и се надевам дека заедно ќе се радуваме на многу победи на Брест“, изјави Младеновска по потписот на договорот со францускиот тим.

Младеновска сезонава ќе ја доигра во Металург, а веќе е членка на сениорската репрезентација на Македонија и има настапувано и за кадетската и за младинската селекција.

 

- Оглас -

Најнови вести