27.8 C
Skopje
понеделник, 14 јули 2025

Најтежок пораз во кариерата на Андрес Иниеста

Победата на Кавасаки Фронтале над Висел Кобе од 6-0 во меч од јапонската Џеј лига ќе биде запишана во историјата како најубедлив пораз за шпанскиот фудбалер Андрес Иниеста во неговата кариера. Кобе загуби со 0-6, и тоа дома, а Иниеста играше 20 минути и влезе во игра при негатива од 0-4.

Досега најтежок пораз му беше 0-5 од Херкулес во третата шпанска лига, од деновите кога играше за Барселона Б, поточно во октомври 2002 година.

„Многу тежок пораз. Може само да побараме извинување од сите наши навивачи за ова што се случи вчера. Напред Висел Кобе“, напиша Иниеста на „Твитер“.

- Оглас -

Најнови вести