16.8 C
Skopje
среда, 3 септември 2025

Најтрофејната репрезентација во ракометот денес може да биде елиминирана од ЕП

Ракометарите на Франција се под притисок дека никако не смеат да загубат во денешното дерби против Норвешка. Галските петли на стартот од ЕП беа шокирани и загубија од Португалија со 25:28, додека Норвешка немаше проблем и со 32:26 ја победи Босна и Херцеговина.

Тоа значи дека ако денеска Франција по втор пат загуби, а Португалија освои барем еден бод против БиХ, ќе бидеме сведоци на едно од најголемите изненадувања на европските првенства, односно елиминација на Фрација.

Галските петли се најтрофејната селекција во историјата на ракоемтот. Во своите витрини имаат шест светски титули, три европски првенства и две злата од Олимписки игри. На два пати се случуваше да ги имаат обединето трите најзначајни титули во ракометот. Освен 11-те блескави одличја од најголемите натпреварувања, Франција има и едно сребро и четири бронзи од Мундијалите, сребро и бронза од ЛОИ и две бронзи од ЕП.

Според коефициентот во Sport Life, Франција е благ фаворит против Норвешка, но дека сепак ништо не се знае предвреме се виде и на дуелот со Португалија.

Денеска на ЕП во ракомет се играат вкупно шест меча, а понудата за обложување од сите средби ја имате на Sport Life.

 

- Оглас -

Најнови вести