Најтрофејниот босански фудбалски клуб, Железничар од Сараево, е во фаза на комплетна реконструкција на легендарниот стадион „Грбавица“ во главниот град на Босна и Херцеговина, што вклучува и изградба на нова јужна трибина.
Втората фаза од изградбата треба да ја спроведе клубот, па од раководството се одлучија да пуштат во продажба 1.000 влезници кои ќе бидат со важност за следните 10 години, а на столчето ќе биде испишано и името на навивачот.
На тој начин треба да се соберат средства со кои клубот ќе може да го реализира обврските.
Цените на десетгодишните билети со испишано име на столчето се по 1.490 конвертибилни марки, односно околу 750 евра, додека за секторите каде нема да има испишани имиња на навивачите се околу 300 евра.