21.8 C
Skopje
четврток, 31 јули 2025

Најтрофејниот дански клуб на магичен начин се спаси од испаѓање (Видео)

Данскиот ракометен великан, екипата на Колдинг се спаси од испаѓање од првата лига благодарение на гол во последната секунда во последниот натпревар од првенството. На свој терен во дуелот против Холсербо, Колдинг требаше да победи за да избори опстанок.

Резултатот беше 28:28, а Колдинг го имаше последниот напад. Гостинскиот голман го одбрани првиот шут, но топката дојде до Петер Балинг, кој успеа да погоди за победа и голема радост на домашните навивачи.

Колдинг е најтрофеен дански клуб со 14 титули во првенството, но поради финансиски проблеми, сезонава се бореше за опстанок. На крајот, Колдинг заедно со Холсербо и Рингстед завршија со по 19 бодови, а испадна Рингстед, кој имаше најслаба гол-разлика.

https://twitter.com/i/status/1512813038776291342

 

 

- Оглас -

Најнови вести