Оксер се враќа во француската Лига 1, а испадна Сент Етјен, кој заедно со ПСЖ се најтрофејни клубови според бројот на титули, со по десет.
Двата меча од баражот завршија со 1-1, па се изведуваа пенали. За Светците утна Будебу во првата серија, а Оксер ги погоди сите пет пенали, па славеше со 5-4.
Разочарани и налутени, фановите на Сент Етјен направија хаос на стадионот, палејќи факели.