Најтрофејниот фудбалер е на одмор во Барселона, и се нуди гратис да игра за Барса

Бразилскиот десен бек, Даниел Алвеш, се понуди повторно да заигра за Барселона, и вели оти парите не му се важни, за Каталонците би играл и гратис. Дани е на одмор во Барселона, и моментно е без клуб откако му истеше договорот со Сао Пауло. Овој 38-годишник е најтрофеен фудбалер во историјата, но прашање е дали Барса сака тој повторно да се врати во нивните редови.

„Ако Барса мисли дека им требам, само нека ми се јават. Мислам дека уште можам да давам придонес“ – порача Алвеш кој од 2008 до 2016 го носеше дресот на Барселона и освои дури 23 трофеи.

- Оглас -

Најнови вести