Марсело по крајот на минатата сезона се раздели со Реал Мадрид освојувајќи три трофеи – Лигата на шампионите, Ла Лига и шпанскиот Суперкуп, по што стана најтрофеен фудбалер во историјата на Кралевите со 25 пехари.
Оттогаш Марсело максимално се опушти и воопшто не се брза да најде нов ангажман, па и натаму е без клуб. Доби неколку примамливи понуди од Катар и САД, каде што би играл во МЛС-лигата, но парите не му се проблем, туку прашањето е дали воопшто сака уште да игра.
За Реал запиша повеќе од 500 настапи, на 34 години Марсело оствари брилијантна кариера и никој нема да му замери ако се одлучи да ѝ стави крај. А, како што изгледаат работите, Бразилецот би можел да објави дека се повлекува од фудбалот во најскоро време, од причини што моментално повеќе го интересира ширење на своите бизниси.