Најтрофејниот фудбалер во историјата пред трансфер во аргентинскиот гигант

Некогашниот бразилски репрезентативец Дани Алвеш може да се пофали дека е уникатен во фудбалот. Тој е играчот со најмногу трофеи во историјата. Во речиси дведецениската кариера, Алвеш освои вкупно 40 пехари на клупско и репрезентативно ниво.

Најголемиот дел од кариерата Алвеш го помина во Европа, а се радуваше на успеси како играч на Севилја, Барселона, Јувентус и Пари Сен Жермен. По 18 години поминати во Европа, Алвеш лани се врати во родниот Бразил и го облече дресот на Сао Пауло.

До прекин на првенството Алвеш одигра 20 меча и даде два гола за бразилскиот тим, со кој има договор до 2022 година. Сао Пауло е екипа која нема квалитет да се бори за трофеј во Бразил, па тоа може да биде мотив за 36-годишниот дефанзивец да си замине порано од предводеното.

Шпекулациите се дека за Алвеш се интересира аргентинскиот гигант Бока јуниорс. Легендарниот клуб од Буенос Аирес има амбиции да триуфира во Либертадорес Купот, а играч со квалитет и искуство како Бразилецот сигурно ќе биде многу корисен во екипата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести