21.8 C
Skopje
петок, 15 август 2025

Најтрофејниот гостува во Кавадарци, меч за историја во Гостивар

Со дуелите Тиквеш – Вардар и Арсими – Струга Трим Лум, денеска од 17 часот почнува второто коло во Првата македонска фудбалска лига.

Ова ќе бидат два интересни меча, секој на свој начин. Најтрофејниот клуб Вардар секогаш е магнет за публиката и во Кавадарци ќе има надвикување на Лозарите и Комитите, а на терен гостите од Скопје се фаворити, но домашните ќе имаат многу мотиви да останат барем непоразени.

На градскиот стадион во Гостивар ќе се пишува историја, Арсими за првпат ќе одигра прволигашки меч како домаќин. И таму се очекува да биде жешко на трибините како и во Кавадарци. Сепак, стружани во првото коло покажаа дека се добар тим и тие се благи фаворити за победа според квотите кои ги одреди Sport Life.

- Оглас -

Најнови вести