Најтрофејниот кошаркарски колектив во Македонија слави 60 години од формирањето

По завршување на репрезентативните возбудувања на кошаркарската репрезентација, денеска продолжуваат возбудувањата на клупски план и тоа со четири меча од Супер лига. Фокусот ќе биде на дуелот кој ќе се игра во салата „Јане Сандански“ каде актуелниот првак МЗТ Скопје Аеродром е домаќин на Пелистер. Освен што ова ќе биде дерби на колото, овој меч има посебно значење за домашниот тим. МЗТ Скопје Аеродром слави 60 години од формирањето.

Клубот од Аеродром доминира во последните 10-тина години на домашната сцена, период во кој успеа да стане и најтрофеен по бројот на освоени пехари во првенството, купот и суперкупот. МЗТ има 12 титули во првенството на Македонија, 14 освеони пехари во Купот на Македонија и осум трофеи во Суперкупот на Македонија.

Пелистер во Скопје доаѓа со пет победи по ред во првенството, но битолчани едноставно не можат против МЗТ барем ако се погледне дека загубиле девет пати во последните девет дуели со овој ривал. Пред да започне мечот во „Јане Сандански“, најавена е забава за навивачите која ќе започне од 16:30 часот пред салата. Влезот за овој меч е бесплатен.

Освен дербито во Аеродром кое ќе започне од 19 часот, во исто време ќе започне и дуелот меѓу Феникс и Тиквеш, додека од 20:30 часот ќе играат Чаир 2030 – Работнички. Возбудувањата во кошаркарското првенство денеска ќе започнат во 14 часот кога ќе играат Ангели и ТФТ Скопје.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести