Најтрофејниот олимпиец во историјата ќе биде примен во пливачката Куќата на славните

Американскиот пливач Мајкл Фелпс, кој е најтрофеен спортист во историјата на Олимписките игри, годинава ќе биде примен во пливачката Куќа на славните во Форт Лодердејл, САД.

Фелпс во трофејната кариера освои 28 медали на Олимписките игри од 2000 до 2016 година, од кои 23 златни, три сребрени и два бронзени.
За време на неверојатната кариера, Фелпс дури 39 пати ги соборуваше светските рекорди.

Покрај Фелпс, годинава во пливачката Куќа на славните ќе бидат примени и Кирсти Ковентри од Зимбабве, која освои седум медали на Олимписките игри, Јапонецот Косуке Китаџима, кој е четирикратен олимписки шампион, Американката Миси Френклин, која има пет медали од ОИ, и актуелниот светски рекордер на 50 метри слободен стил, Сезар Сиело Филјо од Бразил.

- Оглас -

Најнови вести