Најтрофејниот тенисер прв четвртфиналист на Ролан Гарос

Најтрофејниот тенисер на планетата Роџер Федерер е прв четвртфиналист на Ролан Гарос, по убедливата победа против Аргентинецот Леонардо Мајер со 3:0.

За еден час и 44 минути Швајцарецот го декласира ривалот со 6:2, 6:3, 6:3 и го чека следниот противник. Досега тенисерот што има 20 гренд-слем титули и е прв на вечната листа не загуби ниту еден сет на четири меча на ова издание на Ролан Гарос.

Противник за полуфинале ќе му биде подобриот од дуелот меѓу Вавринка и Циципас, меч кој е во тек.

Денеска во машка конкуренција ќе се играат уште два осминафинални мечеви меѓу Надал и Лондеро и Нишикори со Пер.

Кај дамите веќе се знае и првата четвртфинална двојка, а меѓусебе ќе играат Вондрушова и Мартиќ.

Меѓу осумтте најдобри се најде и Конта по победата против Векиќ со 2:0.

- Оглас -

Најнови вести