Најтрофејниот женски тим одби да ѝ дава плата на бремена фудбалерка, судот донесе очекувана одлука

Капитенката на женската фудбалска репрезентација на Исланд и фудбалерка на Јувентус, Сара Бјорк Гунарсдотир (32), го доби спорот против поранешниот тим Олимпик Лион бидејќи не ѝ ги исплатил платите додека била бремена.

Гунарсдотир го тужеше најтрофејниот европски женски тим бидејќи не ѝ исплатил околу 70.000 евра во времето кога не играла поради бременост.

Таа се договорила со управата на Лион последните неколку месеци од бременоста да се врати во Исланд, каде што и се породила, но тогаш францускиот тим престанал да и ги исплаќа платите.

Пред неколку дена, Сара ја доби правната битка и Лион ќе мора да и ја исплати целата сума која ѝ следува според договорот, околу 70.000 евра.

„Според правилата на ФИФА, во време на бременост ми следува цела плата и никој не може да ми го скрати тоа право, дури ни клуб како Лион“, соопшти Гунарсдотир.

https://twitter.com/FIFPRO/status/1615374721322819584?s=20&t=p_YtdcyIltI82rm13gDhDQ

- Оглас -

Најнови вести