Најубавата дебитантка на Вимблдон шокираше кога откри колку пари имала на сметката пред турнирот

Тенисерката Карсон Бренстејн беше прогласена за најубава дебитантка на Вимблдон. Ова воопшто не беше неочекувано затоа што Бренстејн е манекенка, која успеа да ги помине квалификациите на Вимблдон и се пласираше во првото коло.

Со настапот во првото коло, 24-годишната канадска тенисерка заработи 76.000 евра. Оваа сума е посебно значајна затоа што беше последна шанса на Карсон да покаже дека може да биде дел од најдобрите.

Бренстејн откри дека непосредно пред настапот на Вимблдон била очајна затоа што на банкарската сметка имала само 26 долари.

„Кога играш ITF турнири и го финансираш сопствениот живот како млад спортист, сè е многу скапо. Живеам во Јужна Калифорнија и самото купување гориво навистина ми ја испразни сметката. Се сеќавам едно утро, неколку недели пред да го играм моето прво ВТА ​​финале во Канкун, ја погледнав состојбата на сметката и имав само 26 долари. Размислував како ќе го финансирам турнирот сега. Плачев. Ги повикав моите пријатели. Не ми беше дозволено да ги повикам моите родители бидејќи ако дознаат, ќе бидат многу лути. Само си реков: „Не размислувај премногу. Направи го тоа.“ И така, по тренингот, се возев низ Лос Анџелес и им доставував вечери на луѓето“, откри Карсон.

Тоа беа, како што истакнува таа, неколку бурни недели за неа.

„Оваа недела, многу работи се случија за прв пат во мојот живот. Се квалификував за Вимблдон за прв пат, ова е само мојот втор Гренд слем во мојата професионална кариера, играв на терен број еден за прв пат и играв против играч од Топ 10 за прв пат, против светскиот број еден“, истакна Карсон.

- Оглас -

Најнови вести